Ласо по триумфот над Партизан: Ќе беше перфектно ако победевме со 40 поени разлика

Пабло Ласо имаше успешно повратничко деби на клупата на Басконија. Тој го предводеше својот клуб до триумф над Партизан со 88-82 пред 10 илјади навивачи.

Искусниот шпански стратег по крајот на средбата говореше и за медиумите велејќи дека идеалниот старт на сезоната не би бил само победа, туку победа со 40 поени разлика.

„Перфектното отварање на сезоната ќе беше победа со 40 поени разлика или пак во последната секунда. Среќен сум бидејќи фановите уживаа во еден одличен натпревар. Партизан е силен тим. Гледавме натпревар кој не наликуваше дека се игра во месец октомври. Во првото полувреме изгледавме како да не ја разбираме играта, но во 40. минути успеавме да се пронајдеме. Среќни сме бидејќи нашите фанови заслужија да се израдуваат денеска“, вели Ласо.

Се вчитува...