Мусиала отпадна за настап на Германија во Лигата на Нации

Германија многу ослабена ќе оди на следните два натпревари од Лигата на Нации против БИХ на гости и против Холандија на домашен терен. Откако од претходно беше јасно дека на голот ќе го нема Тер Штеген, сега селекторот Нагелсман нема да може да смета ниту на Џамал Мусиала.

Играчот од средниот ред се повреди за Баерн Минхен на последниот дуел против Астон Вила во Лигата на шампионите, и му откажа на селекторот.

На негово место Нагелсман го повика Џејми Левелинг од Штутгарт.

Се вчитува...