Промоција: Мекиќ и официјално со потпис за ТФТ

Репрезентативецот Адем Мекиќ и официјално е нов играч на ТФТ. Мекиќ по две години се врати во Македонија, откако настапуваше за Темишвар и за Задар. Со хрватскиот тим освои две шампионски титули.

Мекиќ е договорен со ТФТ на „отворен“ договор, односно ако има некоја добра понуда од странство да може да си замине во секое време.

„Искусниот кошаркар се согласи на отворен договор со нашиот клуб што значи дека ќе биде слободен да си замине ако до него стигне вистинска понуда, пред се од странство. Додека се случи тоа, Мекиќ одлучи да помогне во амбициозниот проект на ТФТ и покрај тоа што за него имаше интерес од неколку домашни клубови, како и од регионот.“, стои во објавата на ТФТ.

Се вчитува...