Дарко Велковски продолжува во Австрија!?

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, крајно изненадувачки, е без клуб веќе два месеци по стартот на сезоната во националните првенства ширум Европа.

По завршувањето на соработката со Динамо Букурешт, Велковски се уште е без клуб за себе што очекувано го остави и надвор од националниот тим за октомвриските натпревари против Летонија и Ерменија во Лигата на нациите.

Според последните информации, Велковски има можност кариерата да ја продолжи во Австрија од каде за неговите услуги се заинтересирани два клуба. Сепак, поради неможноста да биде регистриран Велковски останува евентуалниот трансфер да го реализира во зимскиот преоден рок. До тогаш, останува на домашен терен, најчесто со Работнички, да ја одржува формата пред враќањето на зелените терени.

Се вчитува...