Намалена казната на Погба, се враќа на фудбалот во 2025 година

Пол Погба ќе може повторно да заигра фудбал оваа натпреварувачка сезона откако францускиот ас доби значајна битка и големо намалување на првичната казна за позитивниот допинг тест на почетокот од ланската сезона.

Фудбалерот на Јувентус беше казнет со четиригодишна суспензија поради позитивниот тест по мечот со Удинезе во август минатата година. Суспензијата стапи на сила од 3 септември, но Спортскиот суд ЦАС денеска пресуди позитивно по жалбата на Французинот, чија казна е намалена на само 18 месеци.

Ова практично значи дека Погба од јануари ќе може да се врати на тренинзите на „старата дама“, а потоа по 3 март и конечно да заигра повторно фудбал.

Останува да се види во каква форма ќе се наоѓа овој фудбалски мајстор, кој по враќањето назад од Манчестер Јунајтед во Јуве имаше бројни проблеми со повреди, поради што настапи на само осум натпревари за „старата дама“.

Се вчитува...