Проблем за тимот на Нено: Се повреди клучен играч на самиот старт од сезоната

Олимпија Милано се соочува со проблеми на почетокот од сезоната, откако по поразите од Трст во домашното првенство и од Монако во Евролигата тренерот Месина сега има главоболка и поради повреда на клучен првотимец.

Центарот Џош Нибо заработи незгодна повреда за време на синоќешниот дуел во Монако, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за мало кинење на мускулни влакна на левата нога. Паузата ќе изнесува најмалку две седмици, по што ќе следат нови прегледи и ќе биде утврдено кога одличниот центар ќе може повторно да се врати во тимот на Милано.

Останува да се види каков одговор за оваа ситуација ќе најде искусниот тренер Еторе Месина, ако се знае дека Нибо е апсолутна прва опција за центарската позиција на тимот од Милано сезонава.

Италијанскиот првак во следното коло од Евролигата ќе го пречека тимот на Париз.

Се вчитува...