„Хамилтон е поталентиран возач од Шумахер“

Aктуелниот прв човек на Вилијамс, Џејмс Вуелс, имаше можност да соработува со Луис Хамилтон и Михаел Шумахер во текот на неговата кариера кога тие беа членови на Мерцедес.

Тој направи споредба на двајцата најдобри возачи во Формула 1 и двајцата освоија седум титули во текот на нивните кариери.

„Луис е најголемиот талент со кој сум работел. Мајкл беше одличен, но никој не е природно надарен за возење како Хамилтон“, изјави Вувелс.

Хамилтон во кариерата оствари 105 победи, а Михаел Шумахер 91.

Се вчитува...