Дембеле се врати на тренинзите на ПСЖ

Францускиот напаѓач Усман Дембеле, кој оваа недела беше суспендиран од Пари Сен Жермен  поради дисциплински причини се врати на тренинзите, соопшти парискиот фудбалски клуб.

Фудбалерот беше изоставен од натпреварот во вторникот од Лигата на шампионите против Арсенал поради „проблем со групната посветеност“, изјави тренерот Луис Енрике. Како што пренесуваат француските медиуми, причина за отсуството е претходното доцнење на Дембеле на тренинзите.

Дембеле е на списокот на селекторот Дидие Дешам на француската репрезентација за натпреварите против Израел и Белгија на 10. и 14. октомври.

Се вчитува...