Проблеми за Далас: Се повреди Данте Егзум

Австралискиот кошаркар Данте Егзумпоради тешка повреда ќе пропушти одреден дел од сезоната на Далас Маверикс. Како што пренесуваат медиумите во САД, кошаркарот на Далас Маверикс, Данте Егзум, ќе мора да оди на операција.

Поранешниот миленик на навивачите на Партизан заработи тешка повреда на зглобот на десната рака и го чека долга пауза, па не се знае колку натпревари ќе пропушти следната сезона.

Медиумите во САД пишуваат дека ова е голем удар за Далас Маверикс бидејќи Егзум годинава требал да биде голема помош од клупата за Лука Дончиќ и компанија.

Се вчитува...