Лесни победи за Алкараз и Синер на стартот на турнирот во Шангај

Најдобрите тенисери моментално во светот, Карлос Алкараз и Јаник Синер без проблеми ги минаа првите пречки на АТП турнирот од серијата 1000 кој се игра во кинескиот град Шангај.

Шампионот од неколку дена во Пекинг, Карлос Алкараз во втората рунда со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-2 беше подобар од домашниот тенисер Јунчен Шанг. Во третото коло Алкараз за противник ќе има уште еден домашен тенисер, Јибинг Ву.

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер исто така без проблеми со 2-0 (6-1 и 6-4) славеше против Јапонецот, Таро Даниел. Во третата рунда Италијанецот ќе игра против аргентинскиот тенисер Ечевери.

Се вчитува...