Гвардиола повторно гневен на Премиерлигата

Премиерлигата го одби барањето на Манчестер Сити за одложување на првите два натпревари од сезоната 2025/26 да им помогне на играчите да се опорават по учеството на Светското клупско првенство во САД, изјави менаџерот Пеп Гвардиола.

Сити и Челси се двата англиски клуба кои се пласираа на продолженото едномесечно Светско клупско првенство кое започнува на 15. јуни. Сезоната во Премиерлигата во 2025/2026. ќе започне во август.

Сè попренатрупаниот фудбалски календар загрижува голем број играчи и тренери. Во извештајот на глобалниот сојуз на играчи FIFPRO се наведува дека некои играчи имаат само 12 проценти од годината за одмор.

Се вчитува...