Почнува кошаркарската лига: Дали може некој да го детронизира МЗТ Скопје?

Со три натпревари денеска ќе стартува новата сезона во кошаркарската лига на Македонија. Прв фаворит за освојување на трофејот е актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром кој и оваа сезона влегува со големи амбиции.

Како најголем конкурент на аеродромци се очекува да биде ланскиот финалист Пелистер кој предводен од Александар Петровиќ состави силен тим кој има за цел да атакува на највисок пласман во домашниот шампионат. Работнички се соочува со големи финансиски проблеми, па прашање е како ќе изгледа овој тим во текот на сезоната и колку може да се вмеша во борбата за плејофот.

Од сенка како и секоја година ќе бидат веќе стандардните прволигаши ТФТ Скопје, Тиквеш, Гостивар и Феникс. Новиот клуб од Куманово исто така влегува со големи амбиции посебно по потпишувањето на договорот со КК Партизан.

Во борбата за опстанок ќе гледаме голема битка меѓу екипите на Кожув, Шкупи Скопје, Чаир и Вардар.

Денеска на програмата се три натпревари во кои се среќаваат: ТФТ – Куманово, МЗТ Скопје – Шкупи Скопје и Работнички – Феникс.

Се вчитува...