Единсон Кавани го продолжи договорот со Бока јуниорс

Фудбалерот на Бока Јуниорс, Единсон Кавани го продолжи договорот со аргентинскиот клуб до 31. декември 2026 година, соопштено е денеска. Кавани пристигна во Бока Јуниорс во јули 2023 година, а имаше договор со аргентинскиот клуб до крајот на 2024 година.

Уругвајскиот фудбалер одигра 43 натпревари за Бока Јуниорс и постигна 20 голови. Претходно играше за Валенсија, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен, Наполи, Палермо и Данубио.

Се вчитува...