Пол Погба доби одличната вест откако ЦАС му ја намали суспензијата за допинг од четири години на 18 месеци. Погба може да се врати на терените почнувајќи од март 2025 година.
Погба се уште е фудбалер на Јувентус, но веќе сигурно е дека „старата дама“ не смета на неговите услуги, пренесуваат италијанските медиуми. Тие пишуваат дека најсигурна дестанција на Французинот ќе биде МЛС лигата.
Сепак, француските новинари пак имаат други планови за иднината на Погба. Патрис Евра кој е добар пријател со Погба отворено го советуваше да потпише за Олимпик Марсеј каде што е добредојден.
Од јануари Погба може да се врати на тренинзи во Јувентус, но сепак тој може да почне да настапува дури во март. Речиси сигурно е дека Французинот до крајот на тековната сезона нема да заигра, а неговиот нов клуб ќе биде познат во јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА