Ѓоковиќ успешно ја мина првата пречка во Шангај

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ по пауза од пет години се врати во Кина каде што настапува на АТП турнирот од серијата 1000 во Шангај.

Тој денеска успешно ја мина првата пречка на турнирот во кинескиот град откако во 2. коло со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 7-6 славеше над тенисерот од Соединетите американски држави, Алекс Микелсен.

Во 3. коло четвртиот носител на турнирот за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Швајцарецот, Стен Вавринка и Италијанецот, Флавио Коболи.

Се вчитува...