МЗТ Скопје го прегази Шкупи на стартот на кошаркарската лига

Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром ја почна одбраната на титулата очекувано со убедлив триумф на гостувањето кај новајлијата Шкупи со убедливи 59-95.

На натпреварот кој се играше во СРЦ „Кале“ домаќините беа егал само во првата четвртина која ја загубија со 18-20. Во вториот период „штрковите“ го прегазија противникот и на пауза заминаа со двоцифрена предност (27-42).

До крајот избраниците на Васко Атанасов само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 59-95. Андреј Андоновски со 21 поен беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените Закор Арчи постигна 18 поени.

Се вчитува...