Ковачиќ херој на Сити, Арсенал се извлече со Саутемптон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер сити се вратија на победите во домашниот шампионат откако денеска со пресврт (3-1) славеа на домашен терен над Фулам во меч од 7. коло од новата сезона во Премиерлигата.

Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 со голот на Переира во 26. минута. На 1-1 само шест минути подоцна израмни Матео Ковачиќ, а истиот фудбалер донесе целосен пресврт (2-1) во 47. минута. Конечните 3-1 беа дело на Жереми Доку во 82. минута.

Manchester City [3] – 1 Fulham – Jeremy Doku 82‎'‎
byu/Rudigaa insoccer

Aрсенал исто така стигна до победа откако славеше со 3-1 на домашен терен против Саутемптон. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Арчер во 55. минута. На 1-1 израмни Каи Хаверц во 58. минута, додека до 2-1 „топчиите“ стигнаа со голот на Мартинели во 68. минута. Koнечните 3-1 беа дело на Сака во 88. минута.

Arsenal [2] – 1 Southampton – Gabriel Martinelli 68‎'‎
byu/Rudigaa insoccer

Во останатите мечеви од понудата во 16 часот: Вест Хем – Ипсвич 4-1, Брентфорд – Вулверхемптон 5-3 и Лестер – Бормут 1-0.

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...