ЖРК Чаир со голема победа на гостувањето во Луксембург

Ракометарките на Чаир одиграа одличен меч на гостувањето во Луксембург кај Кејренг  24-26 во првиот натпревар од двомечот во воедното коло од Европскиот куп.

Првото полувреме ни донесе израмнета игра на двете страни во која на крајот подобро се снајде домашниот тим кој на пауза замина со позитива од два гола 13-11. Чаирчанки заиграа далеку подобро во вториот дел и сето тоа резултираше за голем пресврт и конечен триумф од 24-26.

Teодора Дукоска со десет гола беше убедливо најефикасна во македонскиот тим, додека кај домаќинките Тина Велтер постигна девет гола. Реваншот ќе се одигра за седум дена во Скопје.

Се вчитува...