Мега го шокираше Дубаи во АБА

Кошаркарите на Дубаи го забележаа првиот пораз во АБА лигата откако вечерва на домашен терен изненадувачки загубија од младиот тим на Мега со 80-83 во натпревар од 3. коло од новата сезона.

Дубаи беше далеку подобар противник во првото полувреме, но во ниту еден момент младите кошаркари на гостите не се откажаа па на крајот успеаја да стигнат до шокантен триумф од 80-83.

Јовиќ и Кондиќ со по 16 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Ајзеа Тејлор постигна 14 поени. На натпреварот присуствуваше и Никола Јокиќ кој кариерата ја почна токму во Мега.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...