Фудбалскиот клуб Рома му постави ултиматум на својот тренер Иван Јуриќ дека мора да победи или ќе добие отказ. Ова и не би било толку чудно ако Јуриќ не беше на клупата на Рома само четири натпревари.
Тој постигна рекорд од две победи, едно реми и еден пораз, а на глава може да му дојде токму неуспехот против Елфсборг во Шведска во рамките на Лига Европа.
Рома веќе подготвува замена, а тоа е враќање на Даниеле Де Роси, кого Јуриќ го наследи на клупата пред 16 дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА