УФЦ-спектакл: Переира го „претепа“ Раунтри и ја одбрани титулата (ВИДЕО)

Алекс Переира го одбрани шампионскиот појас во полутешка категорија на „УФЦ 307“ кој синоќа се одржа во Солт Лејк Сити.

Во борбата на вечерта на УФЦ-спектаклот, Переира гопобеди Калил Раунтри со технички нокаут во четвртата рунда. Предизвикувачот Раунтри прими серија тешки удари, иако му пружи сериозен отпор на бранителот на титулата.

По главно израмнетата борба во првите три рунди, во четвртата рунда Переира зададе неколку одлични удари, па предизвикувачот веќе беше во крв и принуден со технички нокаут да се повлече од октагонот.

Се вчитува...