Холанѓанецот Арне Слот е првиот тренер во историјата на Ливерпул кој успеал да запише девет победи во првите десет натпревари на клупата на славниот англиски тим.
Речиси бајковито ја почна Слот својата кариера на „Енфилд“ иако се чини имаше неблагодарна задача по доаѓањето – наследник на Јирген Клоп, чија слава и резултати се речиси недостижни.
Но, почна Холанѓанецот феноменално, онака како што не почна ниту Клоп во првите свои недели на клупата на Ливерпул.
Вчерашната победа над Кристал Палас беше деветта во десет сезонски натпревари во сите натпреварувања за Слот и неговиот тим. Единствениот пораз го доживеаја од Нотингем форест на 14. септември со минимални 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА