Билбао промаши два пенали – па Џирона со гол од пенал ги казни во 99. минута (ВИДЕО)

Фудбалерите на Џирона триумфраа со 2-1 против Атлетик Билбао во 9. коло од шпанската Ла Лига, во исклучително интересен натпревар кој беше решен со гол од пенал во 99. минута.

Во меч во кој гостите не успеаја да реализираат дури два пенали, на крај Џирона ги казни со гол од пенал во 99. минута за победа од 2-1. Кристијан Стуани погоди од белата точка во деветтата минута од судиското продолжение за три бода на каталонскиот тим.

Домашните поведоа со голот на Асприља во 39. минута, но Санкет израмни за Атлетик Билбао само две минути подоцна.

Беренгер во првото и Херера во второто полувреме не успеаја да реализираат удари од белата точка за Атлетик Билбао. И кога се чинеше дека ќе ги поделат бодовите, на крај Стуани од пенали донесе победа за домашните.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски остана на клупата за резервни фудбалери на овој натпревар.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...