Барселона се врати на „плу три“ во однос на Реал Мадрид откако каталонците рутински добија уште еден гостински натпревар, лесно славејќи со 0-3 во Виторија против тимот на Алавес.
Победникот практично беше решен во првото полувреме во кое Роберт Левандовски постигна хет-трик, јасно ставајќи до знаење дека Барса нема да ги повтори грешки од поразот од Осасуна на своето последно гостување во Ла Лига.
Рафиња беше асистент при првите два гола на Полјакот, првиот од слободен удар, вториот од контранапад, по што Левандовски во 32. минута стрелаше прецизно и по додавањето на Ерик Гарсија.
Новиот меч донесе и нов проблем за Ханси Флик, откако Феран Торес се повреди на самиот почеток, па офанзивниот фудбалер мораше да биде заменет веќе во 5. минута од овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА