Ново фијаско на Црвена Звезда во АБА

Небојша Човиќ пред заминувањето од водечката функција во Црвена Звезда жестоко ја критикуваше АБА-лигата, а „црвено-белите“ во првите три кола неочекувано веќе претрпеа два пораза во регионалното натпреварување. Откако во првото коло загуби од дебитантот Дубаи, актуелниот првак вечерва сосема неочекувано беше шокиран и во Сплит, губејќи од истоимениот противник со резултат 85-78.

Домаќините имаа осум поени предност во втроата четвртина, но Црвена Звезда се разбуди и дојде до „плус осум“ во третиот период. Во последната четвртина се играше израмнето до 66-66, кога Џордано погоди тројка за Сплит, домаќините влегоа во ритам со нови тројки на Тишма и на Џордано и на крајот заслужено славеа.

Шортер со 17 и Шкара со 16 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај Црвена Звезда први стрелци во овој неочекуван пораз беа Недовиќ со 16, пред Дос Сантош и Добриќ со по 14 поени.

Се вчитува...