Ново „самоубиство“ на Тотенхем: Брајтон од 0-2 до триумф над „спарси“

Тотенхем потсети на старите навики да губи добиени натпревари откако „спарси“ претрпеа пораз на гостувањето во Брајтон, иако по првото полувреме имаа предност од 0-2.

„Спарси“ делуваа моќно во првото полувреме, кога Џонсон погоди за 0-1, а неколку минути подоцна и Медисон се запиша меѓу стрелците. Сепак, гостите од Лондон целосно излегоа од ритам кога Минтех погоди на почетокот од второто полувреме намалувајќи на 1-2.

Потоа на сцена стапи Рутер, екс-напаѓачот на Лидс најпрвин израмни на 2-2 на додавање на Митома, за потоа и да асистира за победничкиот гол што беше дело на искусниот Дени Велбек.

Тотенхем се обиде да стори нешто повеќе, но без повредениот Сон гостите немаа енергија за камбек, во седмото коло претрпувајќи го третиот премиерлигашки пораз.

Се вчитува...