Рома не победи ниту против Монца, се тресе клупата на Јуриќ

Резултатската криза на Рома од стартот на сезонава се продлабочи откако „волчицата“ вечерва ремизираше 1-1 на гостувањето против Монца, за зголемување на притисокот врз тренерот Јуриќ кој експресно би можел да добие отказ од функцијата откако пред помалку од еден месец дојде на „Олимпико“ на местото на Даниеле де Роси.

Дефанзивната тактика на која Јуриќ инсистира цела своја тренерска кариера не наиде на одобрување ниту кај челниците ниту пак кај навивачите на клубот. Рома и без блескава игра сепак успеа да поведе на денешниот меч, откако Довбик одлично се снајде во второто полувреме и погоди за 0-1.

Тоа се покажа недоволно за три бода за Рома бидејќи домаќините во 70. минута израмнија преку Мота, кој погоди за конечни 1-1 во Монца.

Се вчитува...