Давид де Хеа потсети на своите најдобри денови во кариерата откако шпанскиот голман блесна на вечерашниот дуел меѓу неговата Фиорентина и тимот на Милан.
„Виолетовите“ поведоа со 1-0 преку Адли, потоа имаа два пенала во обидите да израмнат, но Де Хеа ги запре обидите од белата точка на гостите од Милано.
Првиот беше досуден пред крајот на првото полувреме, Тео Хернандез ја зеде топката, но Шпанецот го запре неговиот обид.
Во второто полувреме повторно беше покажано на белата точка, овојпат Абрахам го изведе пеналот, но Де Хеа и овојпат излезе како поуспешен.
Треба да се истакне и дека при 0-0 беше досуден и пенал за Фиорентина, што Кин не го искористи откако Мењон „жив“ го фати неговиот удар од единаесет метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА