Ристовски по новата победа на Динамо Загреб: Ова е под границата на професионален фудбал

Динамо Загреб ја забележа втората победа во низа во хрватското првенство откако славеше на гостувањето кај Вараждин со 1-0 благодарение на голот на Хуан Кордоба.

Изјава по натпреварот даде поранешниот македонски репрезентативен капитен Стефан Ристовски кој се осврна и на лошите услови на теренот.

„Јас би рекол шест бодови со оглед на тоа какви беа условите денеска. Навистина, ова е под границата на професионален фудбал. Мислам дека не би сакал многу да говорам за условите. Мило ми е што славевме денеска, тоа е најважно.

По тешки 90 минути во средата против тежок противник како Монако, да дојдеме на ваков терен и да се приспособиме, да покажеме ваков карактер, мене ми е фасцинантно, честитки до целата соблекувална“, изјави Ристовски.

Се вчитува...