Црвена Звезда доживеа срамен и неочекуван пораз во АБА лигата губејќи на гостувањето кај Сплит со 85-78 во третото коло.
Тренерот на актуелниот шампион на регионалното првенство, Јанис Сферопулос не го криеше разочарувањето, а и не бараше алиби за тешкиот пораз кој е втор во сезоната.
„Сакам да му честитам на Сплит за победата, го сакаа триумфот повеќе од нас. Мислам дека не бевме подготвени да се бориме против ваков тим. Не игравме како што посакуваме, ни во нападот, ни во одбраната. На крајот им дадовме шанса да поведат во последните четири минтуи и да победам. Мораме да учиме од овој натпревар. Без оглед на тоа како е во Евролигата, мораме да играме добро и во АБА“, вели грчкиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА