По две години пауза од европските натпреварувања, двократниот европски шампион Вардар се враќа на интернационалната сцена со настап во Лига Европа. Во првиот меч од групната фаза „црвено-црните“ ги очекува натпревар против исладнски Валур кој ќе биде одигран во вторник со почеток од 20 часот и 45 минути во СЦ „Јане Сандански“.
Свој поглед за натпреварот даде и тренерот Владо Недановски, кој верува во победа на својот тим.
„Мило ми е шо се враќаме на европска сцена и конечно ќе гледаме Лига Европа во СЦ „Јане Сандански“. Се надевам дека еден ден ќе гледаме пак Лига на Шампиони. Се работи за една млада и добра екипа која преферира брз и модерен ракомет. Треба добро да се подготвиме за овој меч бидејќи минатата сезона покажаа дека се квалитетни освојувајќи го третото по ранг натпреварување. Фаворитската улога ја преземаме ние бидејќи играме дома и мислам дека ќе ја оправдаме фаворитската улога. Се надевам дека ќе го дочекаме утрешниот меч подготвени и ќе победиме. Пинто и Хориха нема да бидат со нас на утрешниот меч поради повреди.
За Лазаревски е поволна групата за мене и не баш, но е добра. Сепак сакам да играме со звучни екипи за да биде полн „Јане Сандански“. Мелсунген и сами знаеме колку се квалитетни, Порто долги години играа во Лигата на Шампиони, но сепак и ние не сме за потценување“, изјави Недановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА