На 27-годишна возраст почина поранешен светски шампион во атлетика

Кенискиот атлетичар Кипјегон Бет почина на 27-годишна возраст како последицна на здравствени проблеми. Тој пред месец дена побарал лекарска помош поради повраќање крв, а и покрај лекувањето не успеа да ја заврши најважната трка во животот.

Бет беше светски шампион до 20 години на 800 метри во 2016 година и освојувач на сребрен медал во штафетата 4 x 800 на Светското првенство во 2017 година. Покрај тоа, тој освои бронза на Светското првенство во Лондон 2017 година на 800 метри. Во 2018 година беше суспендиран поради допинг.

 

Се вчитува...