Навивачите на Реал Сосиедад со смрт му се заканувале на фудбалерот на Атлетико Мадрид, францускиот репрезентативец Антоан Гризман за време на првенствениот натпревар помеѓу овие две екипи во деветтото коло.
Поранешниот фудбалер на Реал Сосиедад беше пречекан во непријателска атмосфера на „Реале Арена“ со постојано свирежи кога е топката во негови нозе, а биле скандирани погрдни зборови како и „Умри“.
Таквото однесување на навивачите го приморале раководството на Реал Сосиедад на големите екрани за време на натпреварот да емитуваат порака „Не за раситичките песни, ксенофобијата и нетолеранцијата. Поддржувајте го вашиот тим, но почитувајте го противникот“, пишуваат француските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА