Чедомир Јаневски со нов ангажман на Кипар (ФОТО)

Искуниот македонски стратег Чедомир Јаневски одново ќе биде дел од кипарскиот шампионат. Овој пат 63-годишникот ќе има нов предизвик предводејќи го Неа Саламис.

Преговорите се во завршна фаза и поранешниот тренер на Клуб Бриж, Ал Шабаб, Црвена Звезда, Паралимни, Етникос, Монс, Вардар, Олимпијакос Никозија и Аел Лимасон ќе биде официјализран како нов тренер откако ќе бидат утврдени последните детали, потврдуваат од клубот.

Се вчитува...