Од утре во продажба билетите за мечот на младите со Молдавија

Како што информираат од Фудбалската федерација на Македонија, утре стартува продажбата на билетите за натпреварот на младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година против Молдавија кој се игра на 11 октомври, на тренинг центарот „Петар Милошевски” со почеток од 14 часот.

Продажбата на билетите за натпреварот Македонија – Молдавија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на МКTickets.

На денот на натпреварот, карти ќе може да се купат на пултот на административната зграда на ФФМ. Цената на билетите ќе изнесува 100 денари.

Продажни места:

ЛитератураМК East Gate Mall

ЛитератураМК Skopje City Mall

ЛитератураМК Улица Македонија

ЛитератураМК Diamond Mall

ЛитератураМК ТЦ Буњаковец

Туристичка агенција ЈК Травел ТЦ Бисер

Бензиска пумпа Макпетрол Влае

Бензиска пумпа Макпетрол Козле

Бензиска пумпа Макпетрол Илинденска

Се вчитува...