Скандал во Шангај – судијата го „украде“ Вавринка (ВИДЕО)

Судијата Карлос Бернандес направи голема грешка на мечот меѓу Станислас Вавринка и Флавио Коболи на АТП турнирот во Шангај.

Судијата додели поен за Коболи, и покрај тоа што беше освоен од Вавринка, но изненадувачки никој од тенисерите тоа не го регистрираше.

Тоа се случи во третиот сет на сервис на Вавринка, а Коболи тоа го искористи за да дојде до брејк топка. Тој брејк пресуди затоа што Италијанецот ја одржа предноста и ја искористи до крајот на сетот за да го добие со 6-3 што значеше и негова победа.

Се вчитува...