Македонската репрезентација попладнево на терените на комплексот Куќа на фудбалот го одработи првиот тренинг од октомврискиот собир низ подготовките за натпреварите со Летонија и со Ерменија, и двата на гостински терен, во Лигата на нациите.
Поради повреда откажа Александар Трајковски, а неизвесен е настапот и на Дарко Чурлинов кој се повреди на вчерашниот настап за Јаголенија против Легија во полското првенство, па и тој најверојатно нема да биде на располагање на селекторот Благоја Милевски.
Македонската селекција ќе одработи уште еден тренинг утре претпладне во Скопје, по што утре од 16 часот со чартер лет заминува за Рига за дуелот со Летонците кој се игра во четврток (10. октомври). Натпреварот со Ерменија во Ереван се игра на 13. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА