Гласни беа шпекулациите во европските медиуми изминатиов период дека еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк со сигурност на крајот од сезоната го напушта „Енфилд роуд“.
Познато е дека од Ливерпул одлучија до јануарскиот преоден рок да имаат точни информации кога се во прашање судбините на Ван Дајк, Мо Салах и Трент Александер-Арнолд.
Сега, островските медиуми нагласуваат дека Ван Дајк со сигурност ќе потпише нов договор со Ливерпул и дека тоа веќе го знаат неговите најблиски роднини и пријатели.
Разговорите за нов договор, наводно, веќе се почнати а се очекува дури да биде и обелоденето од двете страни до крајот на овој месец, кога би требало да биде потпишан и новиот договор.
Не е тајна дека размислуваше Ван Дајк и да замине од клубот, но феноменалниот старт на сезоната кој тимот го има под водство на новиот тренер Арне Слот очигледно го натера Холанѓанецот да го промени своето мислење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА