Бизнис лига: Во дерби натпревар на дебитантите Стопанска Банка го совлада Транском

Новата сезона на Бизнис Лигата на Македонија ја отворија екипите на Транском и Стопанска Банка двете дебитанти во оваа сезона на лигата. Двете екипи го започнаа натпреварот претпазливо испитувајќи ја силата на противникот, како одминуваше времето се зголемуваше бројот на шанси на двете страни. Екипата на Стопанска Банка во 10та минута од натпреварот преку Апостоловски успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0-1, ова дополнително ја мотивира нивната екипа која посилно притисна кон голот на противникот и во 12та минута преку Богдановски успеа да го зголеми водството. Екипата на Транском нападна по агресивно и успеваше да дојде до голот на противникот и имаше одлични шанси но изостануваше добра завршница, ваквата отворена игра ја искористи Стопанска Банка за зголемување на водството кое на полувремето изнесуваше 0-3. Во второто полувреме екипата на Транском влезе со нови сили и уште на самиот старт преку Недевски успеа да намали на 1-3. Овој прв погодок на екипата на Транском им даде дополнителна мотивација да нападнат кон голот на противникот и во 23та минута со вториот погодок на Недевски успеаа да дојдат до само еден гол негатива. Кон средината на второто полуврем екипата на Транском преку Фисник Реџа успеа да дојде до израмнување на 3-3 и ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница по прекин во играта екипата на Стопнаска Банка успеа да искористи празнина во одбраната на Транском и да реализира во самата завршница за водство од 3-4 и победа во овој натпревар.

Во вториот дуел од првото коло на терен се сретнаа екипите на Glass Lux и ЕЛЕМ. Натпреварот започна во висок ритам уште од првата минута. И двете екипи наметнаа игра карактеризирана со висок пресинг во предно поле, истовремено играјќи цврсто и одлучно во делот на одбраната. Во ваквиот ваквата интензивна игра, прва до погодок дојде екипата на ЕЛЕМ преку брз контра напад и прецизен шут во реализација на Ничевски 3”. Екипата на Glass Lux имаше одлични продори до противничкиот гол и по негативата од еден гол се почесто се закануваше кон голот на противникот. Екипата на ЕЛЕМ одлично ја искористи отворената игра на Glass Lux за преку брзи контра напади да успее да го зголеми водството на 0-3. Во завршницата од полувремето екипата на Glass Lux преку Говедаровски успеа да ја намали разликата на 1-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со одлична игра потпрени на своето искуство и од минута во минута го зголемуваа водството кое до 29та минута изнесуваше високи 1-7. Во самата завршница од натпреварот екипата на Glass Lux го подигна темпото и нивото на игра и почна да ја топи предноста на ЕЛЕМ. Сепак екипата на ЕЛЕМ искусно ја смири топката и го искористи времето како свој сојузник за победа во овој дуел со 4-8.

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Корпа и Матрикс, двете екипи во овој натпревар влегоа со високо темпо на игра и силна мотивација. Екипата на Матрикс прва започна со посилен пресинг кон голот на корпа што им донесе рано водство во 4та минута преку погодокот на Богдановски. Екипата на Корпа имаше брз одговор и само минута подоцна успеа да го израмни резултатот со погодокот на Анакиев, а преку Велковски во 9та минута успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт. Екипата на Матрикс повторно го подигна нивото на игра па до полувремето успеа да дојде резултатско израмнување 3-3. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра, двете екипи го оставија срцето на терен и ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои. Во финишот на натпреварот екипата на Матрикс успеа да дојде до два гола предност со резултат од 4-6. Екипата на Корпа успеа со погодок на Жерновски да дојде до само гол негатива, но екипата на Матрикс успеа да ја сочува предноста и накрајот да слави со резултат од 5-6.

Се вчитува...