Фудбалер суспендиран десет натпревари поради расизам

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше италијанскиот фудбалер Марко Курто на 10 натпревари, од кои половина условно, бидејќи го навредуваше фудбалерот на Вулверхемптон Хванг Хи Чан.

Инцидентот се случи на 15. јули на пријателскиот натпревар помеѓу Комо и Вулверхемптон, каде што Курто му рекол на еден од соиграчите „да го игнорира Хванг бидејќи мислел дека е Џеки Чен“.

„Марко Курто беше прогласен за одговорен за дискриминаторско однесување и беше суспендиран на 10 натпревари. Половина од тие натпревари се условна казна во период од две години, а на играчот му е наредено да работи општествено корисна работа“, изјави портпаролот на ФИФА.

Вулверхемптон по натпреварот поднесе жалба до Европската фудбалска унија, која рече дека е немоќна бидејќи натпреварот не се игра под нејзино покровителство.

Се вчитува...