Фудбалерот на Торино, Дуван Запата ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото, објавија италијанските медиуми.
Запата, кој е капитен на Торино, мораше да биде изнесен од теренот во 84. минута од натпреварот против Интер во саботата.
„Клучните прегледи на кои беше подложен Дуван Запата покажаа лезија на предните вкрстени лигаменти, медијалниот менискус и латералниот менискус. Сите ние во клубот се надеваме дека што поскоро ќе го видиме на теренот во нашиот дрес“, се вели во соопштението на Торино.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Запата ќе биде надвор од терените минимум седум месеци, што значи дека колумбискиот напаѓач ќе се врати на терените најрано во мај следната година. Запата му се приклучи на Торино во септември минатата година, а оттогаш одигра 45 натпревари и постигна 16 голови за клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА