Реал Мадрид се огласи по повод повлекувањето на Андрес Иниеста. Иако некогаш беше нивни ривал, сепак, „кралевите“ покажаа големина и му честитаа на играчот на средниот ред за блескавата кариера.
„Со оглед на најавата на Андрес Иниеста за неговото повлекување од фудбалот како професионален играч, Реал Мадрид, неговиот претседател и неговиот Управен одбор сакаат да го покажат своето признание, восхит и наклонетост кон една од големите легенди на шпанскиот и светскиот фудбал.
Андрес Иниеста придонесе со својот фудбал и неговите вредности да го подобри овој спорт, надвор од бројните титули освоени во текот на неговата кариера. Неговиот гол во финалето на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година засекогаш ќе остане во меморијата на сите шпански навивачи. Реал Мадрид нему и на целото негово семејство му посакува многу среќа во оваа нова фаза од неговиот живот“, стои во соопштението на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА