Последнопласираниот тим во Ла Лига, Лас Палмас се раздели со својот тренер Луис Мигел Карион, објави клубот од Канарските острови. Разделбата доаѓа после очајниот старт на сезоната, откако тимот нема ниту една победа, и со три бода во првите девет кола.
Лас Палмас стана единствениот тим оваа сезона во ТОП 5 првенствата кој нема победа.
„Луис Карион не е повеќе тренер на Лас Палмас. Тренерот кој ја започна сезоната на чело на првиот тим, ќе го затвори мандатот со девет натпревари, во кои има шест порази и три нерешени средби“, стои во соопштението на клубот.
Негова замена ќе биде Диего Мартинез, кој работел во Гранада и во Еспањол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА