Египќанец е најнова желба на Ливерпул за нападот

Одличниот старт во Бундеслигата на напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, може да му донесе трансфер во Премиерлигата. Ливерпул веднаш пројави интерес за него, откако голгетерот во шест настапи има осум голови во Германија, од кои два му даде на Баерн Минхен во последниот дуел.

Ливерпул веќе подолго време бара напаѓач, а многу лесно може да се случи Мармуш да го облече дресот на „Црвените“.

Добро за премиерлигашот е тоа што Мармуш може да игра и на крилните позиции, каде што може да го замени неговиот сонародник Мохамед Салах, кој најави заминување по завршувањето на сезоната, кога му истекува договорот со тимот од Енфилд.

Се вчитува...