Милан ја дозна казната за Тео Хернандез

Францускиот дефанзивец и член на Милан, Тео Хернандез, денеска доби суспензија од два меча, откако беше исклучен на мечот со Фиорентина во Фиренца, кој неговиот тим го загуби со 2-1.

Тој беше капитен на Милан во неделата, а сега нема да биде во комбинација за натпреварите против Удинезе и против Болоња.

„На крајот од натпреварот играчот даваше коментари кои одразуваат сериозно непочитување кон судијата“, стои во соопштението.

Харнандез доби црвен картон по завршувањеот на мечот, откако му дофрли нешто на главниот судија, кој се одлучи да му додели црвен картон, и сега ќе мора да паузира на следните два меча.

Се вчитува...