Брајан Сарагоса: Не жалам што потпишав за Баерн Минхен

Фудбалерот на Осасуна кој е под договор со Баерн Минхен, Брајан Сарагоса кажа дека воопшто не жали за неговиот трансфер во тимот од Минхен, и покрај тоа што не доби шанса да настапува во овој тим.

Сарагоса од Гранада се пресели во Баерн Минхен како позајмен играч, а откако уидоа дека имаат проблеми со крилните играчи, веднаш го повлекоа во тимот, иако тоа требаше да се случи по крајот на сезоната. Како позајмен одигра само седум меча во дресот на „Баварците“, а оваа сезона се одлучи да се врати во Шпанија поради проблеми со јазикот во Германија.

„Воопшто не жалам за мојата преселба во Баерн. Пред две години играв во втора лига, а потоа Баерн Минхен потпиша со мене, така што тоа е нешто неверојатно за секој играч во таа ситуација, сите сакаат да играат во тој клуб“, изјави Сарагоса.

Сарагоса влезе во центарот на вниманието по одличната партија против Барселона, кога неговата Осасуна го совлада каталонскиот гигант со 4-2, а стрелец на убав гол беше токму тој.

Се вчитува...