Барселона која мака мачи со финансии сега има уште еден милионски товар бидејќи доби тужба од својот поранешен фудбалер, Серхио Агуеро во износ од три милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми.
Станува збор за долг од 2021 година. Имено, Барселона требало да му исплати на Агуеро плата за првата година од договорот за осигурување, но осигурителната компанија одбила да му плати на фудбалерот со образложение дека тој имал проблеми со срцето уште од детството.
Сепак, Аргентинецот смета дека каталонците му должат три милиони евра обештетување за раскинувањето на договорот и поднел тужба против клубот.
Како потсетување, Агуеро пристигна во Барселона во мај 2021 година, но настапи на само пет натпревари постигнувајќи еден гол и тоа против големиот ривал Реал Мадрид. Соработката мораше да биде прекината во декември истата година откако на Аргентинецот му беше дијагоностициарно срцево заболување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА