Лоша вест за Тен Хаг: Мегваер паузира неколку недели

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер денеска изјави дека ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда.

Мегваер денеска на Инстаграм напиша дека ќе отсуствува неколку недели, и дека ќе се врати уште посилен.

Фудбалерот не прецизираше што повредил, па поради тоа беше заменет на полувремето од ремито (0:0) против Астон Вила во неделата.

Следните натпревари на Манчестер Јунајтед се против Брентфорд и Вест Хем во Премиер лигата и гостувањето кај Фенербахче, чиј тренер е Жозе Мурињо, поранешниот шеф на Манчестер.

Се вчитува...