Бизарна повреда на играч од Премиерлигата: Миел садови, па за малку ќе останел без прстот на раката!?

Аксел Туанзебе (26) отсуствуваше во поразот од Вест Хем (4-1), а навивачите на Премиершип се прашуваа што се случи со него. Средниот бек на Ипсвич ненадејно заврши на операција по – миење садови!?

Така пишува Дејли Мејл и тврди дека Туанзебе вршел домашни работи, а кога миел чаша му се скршила и му се заглавила длабоко во раката. Нему му беше потребна брза медицинска интервенција, а тие се плашеа дека може да го изгуби палецот во тој процес.

За среќа, претставникот на ДР Конго ќе треба само да се опорави од операцијата, но не и од губењето на палецот.

– Ќе го нема неколку недели, а многу е можно тоа да потрае подолго. Сè уште разговараме со специјалистот – изјави тренерот на Ипсвич, Киран Мекена.

Се вчитува...