Ужас во Бразил: Убиен 22-годишен фудбалер

Иако во Бразил има над 200 милиони луѓе, од кои дури два милиони се регистрирани фудбалери, се чини дека во таа јужноамериканска земја има најмногу убиства и повреди на фудбалери или нивните семејства.

Последната во низата трагични вести доаѓа од Маритуба на северот на Бразил. Таму, во престрелката беше убиен Рикардињо, млад 22-годишен фудбалер.

Беше фудбалер на Клубе до Ремо, клуб од Белем, но речиси цела година ја мина на рехабилитација. Клубот од бразилската Серија Ц објави на социјалните мрежи:

„Со голема болка сите во клубот длабоко жалат за трагичната загуба на 22-годишниот Рикардињо. Рикардињо го направи своето професионално деби во јануари 2023 година. Неговото заминување остава празнина во срцата на сите кои го познаваа и се восхитуваа на неговиот талент на теренот. Нека Бог ги утеши срцата на неговото семејство и пријателите во овој момент.“, стои во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clube do Remo (@clubedoremo)

Се вчитува...